Top Sport

Бензема: Без Роналдо, сега јас сум лидер на Реал Мадрид

Ако на еден фудбалер на Реал Мадрид не му недостасува Кристијано Роналдо, тоа дефинитивно е Карим Бензема, и францускиот напаѓач признава дека е среќен што игра негов „вистински фудбал“ откако стана лидер на нападот на „кралскиот клуб“.

Бензема имаше 10 години како клупски колега на Роналдо, период во кој шпанскиот клуб стигна до две титули од Ла лига и четири од Лигата на шампионите. И покрај променливата форма по заминувањето на ЦР7 во Јуве, Бензема вели дека пресреќен што сега има шанса да биде водач на тимот.

„Претходно имаше еден фудбалер кој постигнуваше над 50 голови во сезона и мојата улога беше да бидам асистент. Играв да му помогнам на Кристијано, формиравме добро партнерство и секогаш сакав да постигне повеќе голови. Сега пак, јас сум лидер на нападот. Јас треба да ја направам разликата на теренот, сега го играм мојот вистински фудбал“, вели Бензема за „Франс фудбал“.

31-годишниот Бензема вели дека не е сè во бројките.

„За мене да се биде напаѓач не значи само да се постигнуваат голови. Фудбалот станува компилација на статистики и бројки. Има напаѓачи кои го отвараат просторот за нивниот тим, кои даваат шанси на соиграчите, кои ги изморуваат противниците… Фудбалот не е толку едноставен“, додава Бензема.

Фото: ЕПА

Scroll to Top