Top Sport

Од една фотографија на „Инстаграм“ заработува 750.000 долари

Кристијано Роналдо е далеку најпопуларниот светски спортист, а дека е точено, покажува и податокот колку Португалецот заработува од само една објава на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Според „Hooper HQ 2018“, на „Инстаграм“ листата на богатите, Роналдо се наоѓа на третото место според заработувачката од објавување на еден пост на оваа социјална мрежа.

Кристијано од една објавена фотографија на „Инстраграм“, заработува 750.000 долари.Пред него се само пејачата Селина Гомез (заработува 800.000 од една објава) и најмладата од сестрите Карадшијан, Кајли Џенер (заработува еден милион долари од една објава).

Португалецот, од останатите спортисти, зад себе ги има оставено Нејмар (600.000 долари по објава) и Лионел Меси (500.000 долари по објава).

Кристијано Роналдо на „Инстаграм“ го следат 137 милиони луѓе.

Scroll to Top