Top Sport

Британија во шок, сноубордерка починала на својот 18.роденден

Голема трагедија ја погоди Велика Британија. Ели Сутер, талентирана сноубордерка, починала во средата на нејзиниот 18.роденден.

Шокантната вест, преку соопштение, ја објави Британскиот скијачки и сноуборд сојуз.

Некои британски медиуми шпекулираат дека станува збор за самоубиство, бидејќи Сутер неодамна посетила Центар за помош на суицидни особи.

„Овој суров свет ми ја зеде последната сродна душа на нејзиниот 18.роденден. Токлу бев горд на неа. Ели ќе ми недостигаш повеќе отколку што можеш да замислиш. Почивај во мир мала моја шампионка“, напишал на „Твитер“, нејзиниот татко Тони Сутер.

Scroll to Top