Top Sport

Од елиминацијата на Јуве ќе профитира Интер!

Навивачите на Интер имаат причина повеќе да се радуваат на елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите, откако поради овој резултат тие ќе добијат 13.7 милиони евра повеќе од УЕФА.

Интер и Јувентус беа елиминирани во осминафиналето на ЛШ со домашни порази – Интер загуби со 1:2 вкупно од Ливерпул, додека Јуве загубија со вкупни 1:4 од Вилјареал, што значи дека може да дојде до поделбата на парите кои италијанските клубови ќе ги добијат од ТВ-правата.

Според „Калчо е финанца“, Интер ќе собере 64.81 милиони евра вкупно, а бидејќи испаднаа во иста фаза како Јувентус, ќе добијат повеќе пари како актуелни италијански шампиони. Јувентус ќе добијат 78.71 милиони евра, а сумата е поголема поради „историскиот рејтинг“ на клубот.

Милан и покрај тоа што имаа само една победа и испаднаа во групната фаза ќе добијат 49.98 милиони евра, значително повеќе од Аталанта со 34.24 милиони евра, исто така поради „историскиот рејтинг“ кој УЕФА го почитува.

Scroll to Top