Top Sport

Ридигер се договорил со Челси пред санкциите за Абрамович

Според германскиот „Билд“, Антонио Ридигер веќе се договорил со Челси за обновување на договорот со кој „сините“ ќе обезбедеа континиутет во својата одбрана, но тоа се случило пред санкциите за газдата Роман Абрамович, така што неговата иднина останува неизвесна.

Се веруваше дека Ридигер ги одбива понудите на Челси бидејќи чека финансиски подобра понуда, со Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ како заинтересирани клубови за германскиот репрезентативец.

Челси поради суспензијата која ја постави британската влада, не смее да потпишува договори додека не се обезбеди нов газда на клубот, кој исто така ќе го избере британската влада.

Scroll to Top