Голманот на репрезентацијата на Јордан, Амер Шафи Махмуд Сабах постигна фантастичен гол од својот шестнаесетник при 2:1 победата над Индија во саботата.
Откако неговиот соиграч, Халил Бенијатејах во деветтата минута утна пенал, во 25. минута првиот гол на мечот го постигна токму 36-годишниот Шафи и тоа од својота половина, откако индискиот голман Санду Синг беше лошо поставен.
Јордан зголеми на 2:0 во 58. минута преку Хадад,пред Индија преку Кумар да намали во 61. минута.
Капитенот на Јордан, сепак, не е во рекордер со голот од 89 метри, бидејќи таа чест му припаѓа на Асмир Беговиќ, кој постигна гол од 98.1 метри