Top Sport

Просинечки: А, што да му кажам на фудбалерот ако пуши? Не можам да сум лицемерен

Роберт Просинечки, селекторот на Босна и Херцеговина, неодамна беше на насловните страници по анегдотата која ја раскажа Рефик Шабанаџовиќ околу тоа како кога Реал Мадрид пратиле луѓе да го обезбедат неговиот потпис во 1991 година, тој пушел цигара-по-цигара.

Љубовта на Роби кон тутунот не е тајна, но пред пријателскиот меч со Шпанија, новинарите од оваа земја беа заинтересирани за шпекулациите дека додека бил фудбалер, тој пушел по две кутии цигари дневно.

„Секако дека сум свесен за штетноста на цигарите, но тоа никогаш не влијаеше на мојата игра. Никогаш не сум имал проблем поради тоа. Денеска, многу малку фудбалери пушат, но во мое време беше поинаку. Како ќе реагирам ако ’фатам’ некој мој фудбалер со цигара? Што можам да му речам кога и самиот пушев. Не можам да бидам лицемер“, вели Просинечки.

Просинечки шест години играше во Шпанија (од 1991 до 1997) и тој вели дека со радост доаѓа во Шпанија.

„Мојата сестра живее во Овиедо и наскоро ќе ја посетам. Ја сакам Шпанија, начинот на живот и луѓето тука. Кога дојдов во Овиедо на позајмица, се сеќавам дека постојано врнеше и му се јавив на агентот и му кажав каде ме донесе. Но, на крајот имав само убави спомени. Мојата сестра еднаш ме посети и остана тука“, додава Хрватот.

Фото: ЕПА

Шабанаџовиќ открива: Реал дојдоа по Просинечки, тој запали цигара пред нив!

Scroll to Top