Top Sport

Од Гремио велат: Ливерпул не се страшни како Реал Мадрид

Претседателот на Гремио, Ромилдо Болзан Жуниор вели дека неговиот клуб очекува победа над европскиот шампион Ливерпул на Светското клупско првенство во декември, бидејќи Ливерпул не се „толку страшни како Реал Мадрид.

Тимот на Јирген Клоп може да се судри со шампионите од Копа Либертадорес, а бидејќи Гремио се во полуфиналето покрај Фламенго, Ривер Плата и Бока јуниорс, Болзан смета дека тие ќе бидат првиот не-европски шампион по Коринтијанс во 2012 година.

„Европските клубови секогаш се фаворити. Но, сигурен сум дека Ливерпул се помалку страшни од Реал Мадрид со кои игравме во 2017. Реал се галактикоси, тим полн со ѕвезди, но Ливерпул можеме да ги победиме ние, Фламенго, Бока, Ривер“, вели Болзан.

Scroll to Top