Top Sport

Мик Шумахер следната сезона во Формула 2!

Откако ја освои европската Формула 3 титула оваа сезона, Мик Шумахер, синот на седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер следната година ќе се натпреварува во Формула 2 шампионатот, последната „станица“ пред Ф1.

Со силна втора половина од сезоната, Шуми јуниор го победи Ден Тиктам, возачот со поддршка на Ред бул за титулата, остварувајќи осум победи со тимот на Према, кој следната година ќе му даде шанса во посилна конкуренција.

„Горди сме што можеме да му посакаме добредојде на Мик во Формула 2 во 2019. Се работи за екстремно талентиран и посветен тркач и почнуваме нова авантура заедно“, изјави шефот на тимот на Према, Рене Росан.

Мик Шумахер пак, вели дека е подготвен за чекор напред и за учење на нови работи.

„Ова е логичен чекор напред во мојата спортска кариера, бидејќ и сакам да го подобрам своето техничко искуство и возачки квалитети. Благодарам на Према за големата шанса“, изјави Германецот.

Scroll to Top