Спортскиот директор на Партизан, Ивица Илиев се потсмеваше со вчерашната вест на „Спортклуб“ дека се во преговори да го направат Андреа Пирло нов тренер на белградскиот клуб.
Според Илиев, Пирло е дури трета опција.
„Пирло може да стане опција само ако не одбие Карло Анчелоти. Прво го чекаме него. Можеби ќе се обидеме и со Жозе Мурињо, бидејќи и тој е големо име“, изјави Илиев за „Информер“.
Пирло се наоѓа во Белград како дел од италијанскиот фудбалски камп, што донесе до шпекулации дека Партизан му нуди 1.5 милиони евра по сезона.