Top Sport

Од Роналдо до Меси! Лингард тренира со Интер Мајами

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард работеше покрај Кристијано Роналдо кај „ѓаволите“, а сега е блиску до трансфер во новиот клуб на Лионел Меси, Интер Мајами откако тренира со нив.

30-годишниот Лингард е слободен играч по крајно разочарувачката сезона со Нотингем форест, и додека чека договор, замина во САД, каде што тренираше со Интер Мајами, клуб во сопственост на легендата на Јунајтед, Дејвид Бекам. Покрај Интер Мајами, Лингард беше поврзуван со трансфер во Ди Си јунајтед, нешто што го отфрли тренерот на овој тим, Вејн Руни, но и со преселба во Саудиска Арабија.

„Ги разгледувам опциите и никогаш не сум отфрлил било каков трансфер. Ќе го направам тоа што е вистинско за мене. Сакам да играм фудбал следната сезона“, изјави Лингард.

Scroll to Top