Шкендија како последен репрезента на македонскиот фудбал на европската сцена за сезоната 2020/2021 не успеа да го мине третото квалификациско коло во Лига Европа. Синоќа Шкендија беше поразена во Скопје од фаворитот Тотенхем со 1:3.
До натпреварот со Тотенхем Шкендија ги елиминираше Сумгајит (2:0) и Ботошани (1:0). Од учеството во трите квалификациски кола Шкендија заработи 780.000 евра.
Учеството во првото коло УЕФА го наградува со 240.000 евра, натпревар во второто коло носи 260.000 евра, а пласманот во третата рунда на Шкендија и донесе дополнителни 280.000 евра.
Најмногу пари, по 6.400.000 евра, од почетокот на сезоната во европските купови заработиле Ференцварош, Молде и Макаби Тел Авив. На оваа листа Шкендија е наоѓа на 71 место.
Од останатите македонски клубови кои летовот учествуваа во квалификациите за европските купови Силекс заработи 540.000 евра, Ренова 500.000 евра, Шкупи 240.000 евра.
Овде можете да ја погледнете целата листа.