Top Sport

Одат на СП! Хрватите ја победија Русија со смешен автогол на „поплавениот“ Пољуд!

Светските вицешампиони, Хрватска го продолжија успешниот низ на квалификации за Мундијалите, откако во одлучувачкиот меч против Русија стигнаа до 1:0 победа и покрај невозможните услови на игра на „поплавениот“ „Пољуд“ во Сплит, благодарение на смешен автогол на гостите. За Русите, ова значи пат во баражот, каде што ќе станат еден од потенцијалните противници на Македонија, секако, доколку вечерва успееме да ја совладаме репрезентацијата на Исланд.

По подолго време, тимот на Златко Далиќ се врати во Сплит во клучен меч, но овојпат ниту одличната атмосфера не помогна да се надминат временските проблеми – силниот дожд го претвори теренот на „Пољуд“ во вистински базен, со многу места на теренот каде што беше практично невозможно да се игра.

Хрватска притисна од почетокот, и имаше повеќе шанси пред голот на Матвеј Сафонов, но на крајот недостасуваше реализација. Кога изгледаше дека ситуацијата е безизлезна, рускиот дефанзивец Фјодор Кудрјашев во 81. минута си постигна смешен автогол за да ги прати „коцкестите“ во Катар.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП, ГРУПА Х

Хрватска – Русија 1:0

Словенија – Кипар 2:1

Малта – Словачка 0:6

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top