Апелациската комисија на УЕФА ја одбила жалбата на Баерн Минхен во врска со казната на Томас Милер. Напаѓачот на Баврците доби црвен картон против Ајакс, во последното коло во фазата по групи“. Поради интензитетот на стартот и бидејќи директно доби црвен картон УЕФА му изрече два натпревари суспензија.
Милер по натпреварот јавно му се извини на противничкиот играч (Николас Таљафико), меѓутоа извинувањето на помина кај УЕФА.
Потврдата на казната значи дека Баерн ќе биде без Милер на двата натпревари против Ливерпул, во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Првиот меч во Ливерпул е на 19 февруари, а реваншот во Минхен е закажан за 13 март.
Интересно, против Ајакс, Милер го добил првиот црвен картон во кариерата.