Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ) пресуди дека актуелните шампиони Интер ќе мораат да го одиграат одложениот меч против Болоња, отфрлајќи ја жалбата на „нераѕурите“.
Мечот на „Ренато Дал’Ара“ во Болоња требаше да се одигра на 6 јануари, но беше откажан откако тимот на Синиша Михајловиќ не се појави на теренот поради повеќе позитивни случаи на КОВИД, по што локалната здравствена организација не им дозволи да патуваат до стадионот.
Интер бараа службена 3:0 победа, но Гарантниот борд на ЦОНИ ја отфрли нивната жалба и нареди мечот да се игра на 27 април. Истиот случај е и со Аталанта, кои имаа слична жалба за неодиграниот меч со Торино.
UFFICIALE: #Bologna–#Inter si giocherà! Il Collegio di Garanzia del Coni respinge tutti i ricorsi, anche #Atalanta–#Torino va recuperata #BolognaInter #AtalantaTorino https://t.co/N7MWfWndEL pic.twitter.com/5ao9WzlPU0
— calciomercato.com (@cmdotcom) April 13, 2022