Герет Бејл во неделата со два гола го спаси Реал од пораз кај Вилјареал. Одличниот меч Велшанецот го заврши минута пред судијата да отсвири крај поради црвен картон.
Бејл во самиот финиш во нецела минута доби два жолти картони поради што судијата Хил Манзано го испрати во соблекувалната. Ова значи дека Бејл нема да игра во наредниот меч.
Реал поднесе жалба до Ла Лига со барање да му биде поништен црвениот картон на Бејл, меѓутоа одговорот од Дисциплинската комисија е негативен. Дисциплинците на Ла Лига покрај тоа го казнија Реал со 350, а Бејл со 600 евра поради црвениот картон.
Во образложението на Реал се вели дека при стартот кога го добил вториот жолт картон, тој само имал желба да дојде до топката и дека играчот на Вилјареал го иницирал контактот. Приговорот бил одбиен.
Реал на 14 септември, без Бејл во составот, ќе го пречека Леванте.