Шпанецот Анхелињо има намера да се врати во Манчестер сити и да се бори за место во тимот кога ќе му истекне позајмицата во Лајпциг.
Анхелињо во зимскиот преоден рок пристигна во Лајпциг, блескаше на неколку натпревари, особено во осмина-финалето во Лигата на шампионите против Тотенхем. Поради тоа челниците на Лајпциг биле подготвени да платата 30 милиони евра за да го откупат неговиот договор, меѓутоа Анхелињо имал поинакви планови.
Сака да се врати во Манчестер сити каде со Зинченко би се борел за место во тимот, ако се знае дека Менди ќе биде продаден.