Српските одбојкари ја одбранија титулата светски првак со победата во финалето на Светското првенство во Холандија над Бразил со 3:0 (26:24, 25:22, 25:17).
Избраниците на Даниеле Сантарели го повторија успехот од Јапонија пред четири години кога предводени од Зоран Терзиќ исто така ја освоија светската круна.
Србија без пораз го заврши турнирот во Полска и Холандија, забележа 12 победи, а силата најмногу ја покажаа во големото финале, каде целосно ја надигра селекцијата на Бразил.
Бразилките кои по пауза од 12 години повторно се најда во мундијалско финале, беа конкурентни во првите два сета, во третиот Србија целосно доминираше.
Во победничкиот тим повторно блескаше капитенот Тијана Бошковиќ, инаку МВП на турнирот, со 22 поени, а Јована Стевановиќ постигна 11. На другата страна Ана Каролина да Силва и капитенот Габриела Брага Гимараеш постигнаа по девет поени.