Top Sport

Одбрани два пенали, на подарок доби дрес од Тер Штеген

Младиот голман на фудбалскиот клуб Корнеља, синоќа, ги збудале ѕвездите на Барселона, во натпреварот што го одиграа двата тима во Купот на Шпанија. Барселола со многу мака успеа да се пласира во осмина-финалето. По продолженијата, Барселона победи со 2:0.

Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови. Најзаслужен за тоа е 21-годишниот Рамирез, кој ги одбрани пеналите на Пјаниќ во 45. и Дембеле во 83.минута. Покрај тоа, Рамиерз одбрани уште неколку тешки топки.

Голманот на Корнеља капитулираше дури во третата минута од првото продолжение, а потоа и на истекот на мечот, во 120.минута.

По завршувањето на натпреварот добил честитки од Марк-Андре тер Штеген. Еден од најдобрите голмани во светот, му го подарил својот дрес на Рамирез.

„Тргнавме кон соблекувалните, ми пријде Тер Штеген. Ми пружи рака, ми честиташе, а потоа ми го подари дресот. Чувството е неверојатно. Момент на кој долго ќе се сеќавам“, рекол играчот на мечот.

 

Scroll to Top