Top Sport

Одбранил пенал за победа па добил ќотек (Видео)

Дерби мечевите во Бразил ретко завршуваат без инциденти, но она што се случи на натпреварот за играчи до 20 години, помеѓу екипите на Коринтијанс и Фламенго ги премина сите граници.

Фламенго првиот меч го добиле 2:1, а реваншот завршил без голови и бил зачинет со жестока тепачка на крајот.

Херојот на Фламенго бил голманот Соуза кој успеал да одбрани пенал.

Дивјаштвто на теренот започнало во истиот момент кога судијата означил крај на натпреварот. Голамнот на Фламенго не можел да ја прослави победата бидејќи веднаш бил нападнат од фудбалерите на Коринтијанс.

Соиграчите му притрчале на помош на својот голман, паднале првите удари, а потоа капитенот на Коринтијанс Раул Густаво ненадејно му задал силен удар на голманот.

Неколку часа по мечот Густаво преку социјалните мрежи му се извинил на Соуза и неговото семејство, но сигурно е дека го очекува долга суспензија за дивјачкото однесување.

Scroll to Top