Top Sport

Клиперс ги победија Тандер, Хјустон го растурија Портланд (Видео)

Лос Анџелес Клиперс, Хјустон, Минесота, Бостон, Милвоки, Индијана и Њујорк забележаа победи во НБА лигата. Натпреварите одиграни ноќат помеѓу понеделникот и вторникот ги обележаа Пол Џорџ и Џејмс Харден.

ЛА Клиперс ги надиграа колегите од Оклахома сити Тандер 90:88. Натпреварот го реши поранешниот играч на Оклахома Пол Џорџ кој погоди слободно фрлање на 0,3 секунди до крајот на мечот.

Најефикасен кај Клиперс беше Монтрезл Херел со 28 поени, 12 скока и пет асистенции. Џорџ постигна 18 поени, а двоен ефект забележа Хрватот Ивица Зубац (12 поени и 10 скока).

Тандер го предводеше Крис Пол со 22 поени.

Хјустон Рокетс ги декласираа Портланд Трејлблејсерс со 132:108. Харден мечот го заврши со 36 поени, шест скока и по пет асистенции и украдени топки. Ова е осми наптпревар во низа на кој Харден постигнува најмалку 30 поени. „Брадата“ во моментов е прв стрелец во лигата со просек од 39,2 поени по натпревар.

Покрај Харден кај Хјустон уште се истакнаа Расел Вестбрук со трипл-дабл од 28 поени, 13 скока и 10 асистенции, односно Клинт Капела со 22 поени и 20 скока.

Резултати:

Кливленд Кавалирс-Њујорк Никс 105:123
Индијана Пејсерс-Бруклин Нетс 115:86
Шарлот Хорнетс-Торонто Репторс 96:132
Милвоки Бакс-Чикаго Булс 115:101
Сан Антонио Спарс-Далас Маверикс 110:117
Бостон Слетикс-Финикс Санс 99:85
Минесота Тимбервулвс-Јута Џез 112:102

Scroll to Top