Top Sport

Одбројувањето до стартот на ЕП УЕФА го започна со македонската десетка

УЕФА со десетката на Македонија, го започна одбројувањето до стартот на ЕУРО 2020.

„Можете ли да ja именувате оваа десетка?“, е прашањето кое УЕФА им го постави на фановите на своите профили на социјалните мрежи.

Секако, станува збор за македонската легенда, Горан Пандев.

Пандев за Македонија досега има одиграно 117 натпревари, постигнал 37 голови.

Македонија, ЕП ќе го отвори на 13.јуни, во Букурешт, против Австрија, потоа ќе игра против Украина и Холандија.

Scroll to Top