Откако неодамна еден руски хокеарски тим за награда за играч на мечот му даде „калашников“ автомат, во Шпанија најдоа поинаква награда – Мартин Одегард, талентот на Реал Мадрид кој е позајмен во Реал Сосиедад доби огромна риба како награда за играч на месецот.
20-годишниот Одегард постигна два гола во првите четири меча за Сосиедад, а помогна и при 2:0 победата над Атлетико Мадрид, по што во локалниот супермаркет во Доностија доби огромна риба. Причината за ова е едноставна – шопинг-центарот е еден од спонзорите на Реал Сосиедад.
Cómo cuidan a sus jugadores en Donosti… Ødegaard, MVP del pasado mes en la Real Sociedad pic.twitter.com/bZCluZjwEO
— Dani Méndez (@Danimendez7) September 18, 2019
Руски хокеарски клуб му подари „калашников“ на својот голман (видео)