Top Sport

Руски хокеарски клуб му подари „калашников“ на својот голман (видео)

По победата на Ижстал Ижевск од 3:2 над Челмет Челјабинск во дуел од втората руска хокеарска лига, за играч на мечот беше прогласен голманот на Ижстал, Савелиј Кононов, кој доби необична награда за овој успех – автоматска пушка АК-47, попозната како „калашников“.

Хокеарските клубови од НХЛ исто така имаат навика да даваат необични подароци на своите најдобри хокеари – Каролина хурикејнс на пример на ѕвездата на мечот им даваат секира, додека Њујорк ренџерс им подаруваат капа од Бродвеј. Сепак, ова е едно ниво повисоко.

Scroll to Top