Реал Сосиедад се искачи на второто место во Шпанија со само еден поен помалку од Реал Мадрид по убедливата 3:0 победа над Алавес, која беше одбележана со потегот на вечерта на Мартин Одегард, односно совршената асистенција до Микел Ојарзабал за првиот гол на „Аноета“.
Одегард, кој уште е официјално фудбалер на Реал Мадрид, но сега е позајмен во Баскија, во 19. минута ја покажа својата совршена координација, кога совршено го најде Ојарзабал за водство на домашниот тим. Одегард има постигнато два гола оваа сезона и беше прогласен за најдобар играч на месецот во клубот по фантастичните партии.
Yooo Odegaard has got to chill pic.twitter.com/rhpCuOPBer
— fo_matic (@fo_matic) September 26, 2019
Сосиедад победникот на мечот го реши до крајот на полувремето – Вилијан Жосе зголеми на 2:0 во 32. минута, пред Ојарзабал во 43. минута да ги постави конечните 3:0 со гол од пенал. Сосиедад оваа сезона имаат само еден пораз, во баскиското дерби од Атлетик Билбао (2:0).