Top Sport

Одложени натпревари на „Боксинг деј“

Премиер лигата објави дека викендов нема да биде одигран натпреварот помеѓу Ливерпул и Лидс јунајтед. Лидс пријавиле дека неколку играчи се заразени со коронавирусот. Од иста причинна нема да биде одигран и натпреварот Вулверхемптон-Вотфорд.

Поради заразени фудбалери Вотфорд го затвори тренинг-центарот.

Премиер лигата, дополнително, ќе одреди кога ќе бидат одиграни овие натпревари.

Во Премиер лигата следува традиционалниот „Боксинг деј“, кога за неколку дена, поточно од 26.декември до 2.јануари ќе бидат одиграни две кола.

Засега ова е единствениот меч кој нема да се игра во предвидениот термин.

Scroll to Top