Натпреварот меѓу Болоња и Милан во италијанското првенство нема да се одигра в сабота од 18 часот, како што првично беше планирано поради временските услови, соопштија локалните власти во Италија.
„Натпреварот Болоња-Милан би вклучувал присуство на 35.000 луѓе на стадионот Ренато Дал’Ара во близина на најфреквентното место во градот“, соопштија општинските власти на Болоња.
„Тоа би значело проблеми со јавниот ред со присуство на навивачи и затворање на сообраќајот на целата област од рано попладне до вечер“, се додава во соопштението.
Синоптичарите предвидуваат обилни врнежи од дожд во сабота во Болоња, каде веќе има дожд оваа недела, особено во областа каде што се наоѓа стадионот, каде што имаше поплави.
Новиот термин на натпреварот се уште не е објавен, веројатно натпреварот ќе се одигра во декември.