Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) ги откажа квалификациските натпревари, кои според распоредот требаа да се одиграат на крајот на месецов. КОНМЕБОЛ реши да донесе ваква одлука, откако речиси сите европски клубови одбија да ги пуштат фудбалерите да играат за своите репрезентации. Причината за ваквата одлука на клубовите е влошената епидемиолошка ситуација со коронавирусот.
КОНМЕБОЛ заедно со ФИФА ќе ги одреди термините кога ќе се одиграат одложените натпревари, а некои медиуми во Јужна Америка, не ја исклучуваат можоста да има промени и во системот на квалификациите.
Јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар започнаа во октомври, досега се одиграни четири кола.