Top Sport

Лео Меси се „плашел“ од пристигнувањето на Златан во Барселона?

Златан Ибрахимовиќ не се прослави во својата единствена сезона во Барселона, меѓутоа неговото пристигнување толку многу го загрижило Лионел Меси, што тој пратил пораки до тренерот Пеп Гвардиола, се тврди во новата книга „Мистеријата Меси“ на авторите Себастијан ест и Алекс Џулијард.

Откако ја освои тројната титула со Барса во 2008/09, Гвардиола го донесе Ибрахимовиќ од Интер, додека Самуел Ето замин во Италија, но Швеѓанецот по само една сезона се врати во Италија, со тимот на Милан. Споредд книгата, Меси бил толку загрижен дека ќе го загуби местото во тимот што му пратил СМС порака на Гвардиола со зборовите: „Гледам дека веќе не сум важен на клубот“, бидејќи му било срам да зборува директно со тренерот.

Тоа беше само четврта сезона на Меси во првиот тим на Барселона, а Ибрахимовиќ имаше 21 гол во 45 настапи, но влезе во конфликт со Гвардиола, така што не беше опасност за Аргентинецот.

„Кога ме купуваш мене, купуваш Ферари. Кога возиш Ферари, во резервоарот тураш премиум гориво, одиш на автопат и стискаш на гасот. Гвардиола реши да тури дизел и да се вози наоколу. Наместо тоа требаше да купи Фиат. Како тренер беше фантастичен. Како личност, немам коментар за тоа. Тој не е човек, нема што повеќе да се каже“, напиша години подоцна Ибрахимовиќ во својата автобиографија.

Scroll to Top