Top Sport

Одмаздата е подготвена – Челси нема да ги пушти Аспиликуета и Алонсо во Барселона

Шпанските медиуми тврдат дека Барселона успеа да „украде“ уште еден играч пред носот на Челси. Откако го донесоа Рафиња од Лидс и покрај тоа што клубот од Јокшир имаше договор со Челси, по исто сценарио Барса на „сините“ им го украде Жил Кунде.

Како и во случајот со Рафиња, Челси за Кунде на Севилја и понуди повеќе пари, а на фудбалерот плата ос 12.000.000 евра, меѓутоа репрезентативецот на Франција реши да ја прифати понудата од „Ноу Камп“.

Сега Томас Тухел, се соочува со големи проблеми во одбранбената линија по заминувањето на двајцата стандардни дефанзивци, Антонио Ридигер и Андреас Кирстенсен, кои им се приклучија на Реал и Барса.

Челси го ангажираше Калиду Кулибали од Наполи, но Тухел му е потребен уште еден дефанзивец од светска класа.

Пред Кунде им пропадна и можноста да го донесат Нејтан Аке од Манчестер сити.

Поради тоа Челси подготвува освета за Барселона, нема да ги пушти двајцата искусни дефанзивци Маркос Алонсо и Цезар Аспиликуета во Барселона, пишуваат медиумите во Шпанија.

Scroll to Top