Кристијано Роналдо ја продолжи неверојатната голгетерска серија во мечевите од Лигата на шампионите, откако во 28. минута му донесе 1:0 водство на Јувентус во реваншот од четврт-финалето против Ајакс (првиот меч во Амстердам заврши 1:1). Сепак, Холанѓаните не се предадоа и до полувреме стигнаа до израмнување.
Неколку минути откако Лео Меси на мечот Барса-Манчестер јунајтед постигна два гола, неговиот најголем ривал последната деценија, Роналдо „удри“ по Ајакс. Миралем Пјаниќ во 28. минута нафрли од корнер, додека Роналдо се најде навистинското место и донесе водство за „бјанконерите“. Судијата направи проверка со ВАР снимките, но голот остана важечки.
Ова е неверојатен 126. гол на ЦР7 во Лигата на шампионите.
Сепак, Ајакс уште еднаш ја покажа упорноста и квалитетот, откако преку Дони ван дер Бек успеа да дојде до израмнување пред крајот на полувремето.
LOOK AT THIS CRAZY MOVEMENT BY RONALDO.
WHAT ? A ? PLAY ? pic.twitter.com/xnOtxQAj2n
— Bilal B. (@JuveBillz) April 16, 2019