Македонската фудбалска репрезентација под водство на селекторот Благоја Милевски го одработи тренингот на „Хјувефарм арената“ во Разград, каде што утре започнуваат натпреварите од новата сезона во Лигата на нации на УЕФА со дуел со Бугарија.
Секако, се очекува позитивен старт со три поени од Бугарија и со три поени од следното гостување кај аутсајдерот Гибралтар.