Top Sport

Златан се потсмеваше со Интер на социјалните мрежи

Златан Ибрахимовиќ објави видео-монтажа на социјалните мрежи во кое се потсмева со Интер, докажувајќи дека веднаш по враќањето кај „росонерите“ велел дека Милан ќе го освои скудетото.

Росонерите завршија на второто место во сезоната 2020/21, кога Златн пристигна во сред сезоната како слободен агент и тогаш одговараше на прашањата за тоа кој ќе биде шампион. „За кој тим игра Златан?“, беше најинтересниот одговор.

Златан имаше операција на коленото на крајот на сезоната, интервенција која ќе го оддалечи од фудбалот седум-осум месеци, така што останува неизвесно дали ќе продолжи со „росонерите“, посебно по пристигнувањето на новите американски газди.

Scroll to Top