Алваро Одриозола сака да се врати во Реал Сосиедад. Десниот бек од јануари игра како позајмен играч во Баерн Минхен. Реал за Одриозола на Реал Сосиедад во 2018 година му плати 40 милиони евра.
Планот на Реал кога го донесоа Одриозола беше да го замени Дани Карвахал, меѓутоа тој ниту доби шанса, ниту се снајде најдобро на „Сантијаго Бернабеу“.
Од почетокот на сезоната тој одигра само 18 натпревари за Реал, тренерот Зинедин Зидан го форсираше Карвахал на таа позиција, поради што Баскот реши да ја прифати понудата од Минхен.
Ниту во Баерн не доби шанса, досега настапил на само два натпревари за најтрофејниот германски клуб, односно на теренот вкупно минал 70 минути.
Во интервју за „Мундо Амазон“ Одриозола рекол дека сака да се врати во Реал Сосиедад.
Желбата на Одриозола е јасна, но Сосиедад нема толкава финансиска моќ да го плати трансферот и да му обезбеди пата каква што има во Мадрид.