Фудбалскиот клуб Галатасарај го урна турскиот рекорд со трансферот на Николо Заниоло. Италијанскиот репрезентативец во Истанбул се пресели од Рома за 20 милиони евра.
Николо Заниоло беше миленик на навивачите на Рома и предодреден да го наследи Франческо Тоти. Младиот офанзивец и италијански репрезентативец влезе во клупската историја, кога го постигна единствениот гол против Феенорд во финалето на Лигата на конференцијата за првиот европски трофеј на Рома.
Сепак, оваа сезона се случи шокантен пресврт. Заниоло побара трансфер во зимскиот преоден рок. Ова ги налути навивачите, а клубот по првичниот шок порача дека може да оди, но само со обештетување од 35 милиони евра. Многу клубови го посакуваа Заниоло, но само Борнмут покажа решителност да го лати обесштетувањето.
Заниоло одби да се пресели во Англија, истакнувајќи дека посакува трансфер во Милан. Сепак Рома не ги прифати условите што ги понудија челниците на италијанскиот шампион.
Така Заниоло остана во Рома, осуден да тренира со младиот тим до крајот на сезоната.
Галатасарај сензационално му понуди спас, а Заниоло го прифати и си замина од Рома за која на 128 натпревари постигна 24 гола и забележа 18 асистенции.
Заниоло од Галатасарај доби договор до 2027 година и плата од 3,5 милиони евра по сезона. Во неговиот договор откупната клаузула изнесува 35 милиони евра.
Nicolò Zaniolo to Galatasaray, here we go. Permanent deal agreed, fee close to €20m with add-ons — contract will be valid until 2027. 🚨🟡🔴 #Galatasaray
Deal will include €35m release clause.
✈️ Zaniolo, set to fly to Istanbul today as expected. Medical tests scheduled. pic.twitter.com/apTQ9yUjUg
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 7, 2023