Фудбалскиот клуб Арсенал, прв пат по 22 години доби нов тренер. Клубот, во средата, го именуваше Шпанецот Унаи Емери за нов тренер. Емери на клупата го наследи легендарниот Арсен Венгер.
„Унаи има остварено многу успеси во кариерата, работел во развивањето на многу млади играчи. Тој инсистира на офанзивена игра, што во целост му одговара на Арсенал“, рекол извршниот директор на клубот, Иван Газдис.
Изборот на 46-годишниот Шпанец претставува изненадување, бидејќи најчесто поранешните играчи на Арсенал, Микел Артета и Патрик Вијера се спомнуваа како можни наследници на Венгер.
„Воодушевен сум што ќе му се приклучам на еден од најголемите клубови во светот. Арсенал и познат низ целиот свет им а многу навивачи, посветен е на младите фудбалери, има фантастичен стадион…Возбуден сум што се наоѓам во ваква позиција и што ми е овозможено да го преземам клубот“, дополнил Емери.
Англиските медиуми објавија дека Емери потпишал тригодишен договор вреден 15 милиони фунти.
Емери во изминатите две сезони го предводеше ПСЖ, но со францускиот тим не успеа да направи значаен исчекор во Лигата на шампионите. Најголемите успеси ги има постигнато со Севилја. Со екипата од Андалузија во периодо од 2014 до 2016 година ја освојуваше Лига Европа.
Во кариерата бил тренер и на Алмерија, Валенсија и Спартак Москва.
Europa League = ???
Ligue 1 = ?
Coupe de France = ??
Coupe de la Ligue = ??
Trophee des Champions = ??New Arsenal boss @UnaiEmery_ has been prolific in terms of winning trophies in recent years. ? pic.twitter.com/oRn8XhdQam
— Goal (@goal) May 23, 2018