Top Sport

Официјално: Де Лихт е играч на Јувентус

Целата сага околу Матијас Де Лихт заврши денес, откако 19 годишниот фудбалер го стави својот потпис на договорот и беше претставен како нов играч на италијанскиот шампион Јувентус.

Де Лихт со „старата дама“ потпишал пет годишен договор, вреден 12 милиони евра по сезона.

Холанѓанецот вчера пристигна во Торино, каде успешно ги мина медицинските тестови, а денес потпиша до јуни 2024 година.

Поранешниот клуб на Де Лихт, Ајакс, од трансферот заработи 75 милиони евра.

Јувентус во трката за младиот дефанзивец ги победи Барселона и Пари Сен Жермен.

Scroll to Top