Top Sport

Официјално: Милан има нов газда

Американската компанија „РедБирд“ е нов сопственик на фудбалскиот клуб Милан.
Компанијата го купи имотот од конзорциумот „Елиот“, кој го води клубот од 2018 година, за 1.200.000.000 евра. Целата постапка околу пренесувањето на сопственоста на клубот трена да заврши најдоцна до септември.

„РедБирд“, исто така мнозински сопственик на францускиот клуб Тулуз, откако презеде 85 отсто од акциите во 2020 година.

Конзорциумот „Елиот“, ќе задржи малцински финансиски удел и претставници во Управниот одбор, соопшти миланскиот клуб.

Речиси половина од клубовите во Серија А се во странска сопственост, речиси сите сопственици се од Северна Америка, освен Интер, чиј сопственик е кинеската групација „Сунинг“.

Милан оваа сезона ја освои шампионската титула во Серија А, првпат по 11 години.

Scroll to Top