Top Sport

Официјално: Рашфорд уште пет години во Манчестер јунајтед

Маркус Рашфорд ќе потпише нов петгодишен договор со Манчестер јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

Рашфорд и неговиот менаџер долго време преговараа со клубот, на крајот постигнаа договор соработката да биде продолжена до 2028 година. Актуелниот договор на Рашфорд истекуваше во јуни 2024 година.

Рашфорд имаше примамливи финансиски понуди од клубови од Англија и од цела Европа, но реши да остане на „Олд Трафорд“.

Минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 30 гола во сите натпреварувања.

Ги помина сите категории на клубот во кој членува од својата седма година.

Scroll to Top