Поранешниот играч на Нотингем Форест, Бренан Џонсон е новото засилување на Тотенхем. Спарс а неговиот трансфер издвоија 45.000.000 фунти.
Џонсон е деветтото засилување во летниот преоден рок за тимот кој од клупата го предводи Ангелос Постекоглу. 22. годишниот фудбалер потпиша шестгодишен договор.
Играчот кој може да игра како напаѓач или како крило кариерата ја започна во младинскиот систем на Нотингем, а во дресот на тој клуб одигра 108 натпревари, постигна 29 гола и забележа 12 асистенции.
Џонсон одигра 19 настапи за Велс и постигна два гола за националниот тим.