Top Sport

Огорченост во Динамо: АЕК сакаат да искористат човечка трагедија

Динамо Загреб со огорченост одговори на соопштението од Атина, со кое АЕК бара УЕФА да ги исфрли „модрите“ од Лигата на шампионите.

Во понеделникот вечерта, во населбата Нова Филаделфија, хулиганите на Динамо потпомогнати од пријателите од Панатинаикос, направија хаос. Во тепачката животот го загуби 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кутурис.

Динамо Загреб е револтиран од челниците на АЕК, кои бараат од УЕФА да ги исфрли од натпреварувањето поради хулиганскиот конфликт во Атина.

„Жалиме што АЕК со своите изјави и однесување бега од одговорноста, крева тензии и користи несоодветен, агресивен и поттикнувачки јазик во официјалните соопштенија со цел да се изврши притисок врз УЕФА. Особено е неразбирливо што се обидува да искористи човечка трагедија без никакво двоумење за сопствената промоција и резултат што покажува отсуство на елементарна пристојност, емпатија и почит кон жртвата. Ваквиот пристап го сметаме за несоодветен, особено што на сите, освен на претставниците на АЕК, им е јасно дека ГНК Динамо направи се што е во негова моќ да не дојде до оваа ситуација. За сите настани во Грција најголема одговорност имаат организаторите, односно грчката полиција и АЕК како клуб домаќин“, се вели меѓу другото во соопштението на Динамо.

„Сакаме јасно да нагласиме дека одговорните лица во клубот се ставија на располагање на претставниците на АЕК, УЕФА и полицијата со цел да се расветли целиот настан и да се врати атмосферата во спортски рамки. Цело време одржувавме активна комуникација со сите инволвирани страни освен со АЕК. Претставниците на грчкиот клуб од самиот почеток попречуваа каков било обид за соработка, за барање најдобро решение. Демонстративно го напуштија организацискиот состанок на денот на натпреварот, го откажаа официјален ручек на двете делегации, одбија секаков вид комуникација и со таквото однесување си ја доделија улогата на истражители, обвинители и судии во еден толку деликатен момент“, се вели во соопштението.

„Најостро го осудуваме овој тип на комуникација на нашите спортски ривали од Атина, особено додека истрагата се уште е во тек и каде секојдневно дознаваме нови информации за немилиот настан. Потенцираме дека до овој момент се уште не е утврдено дали сторителот на овој страшен злочин е хрватски или грчки државјанин. Нема да му дадеме право на никого да си игра со името Динамо на таков монструозен начин!

Scroll to Top