Top Sport

Против Кардиф најмалку важен ќе им биде резултатот

Тренерот на Лестер, Клод Пуел, рекол дека нема да биде важен резултатот на претстојниот натпревар со Кардиф во Премиер лигата. Дуелот во Кардиф е првиот меч што фудбалерите на Лестер ќе го одиграат по хеликоптерската несреќа во која загинаа пет лица, меѓу кои и сопственикот Вичаи Шриваданапраба.

Тренерот Пуел рекол дека играчите решиле да го играат натпреварот во Кардиф, која на програмата е в сабота.

„Оваа недела фудбалот не беше во нашите мисли. Но, овој викенд, а и во наредните натпревари ќе играме за да му одадеме почит на човекот кој направи многу за овој клуб. Резултатот нема да ни биде важен. Од она што го видов на тренингот убеден сум дека играчите ќе го дадат најдоброто од себе“, рекол на прес конференцијата пред мечот со Кардиф, тренерот на Лестер.

Инаку, сите натпревари во Премиер лигата ќе започнат со една минута молчење, а играчите ќе носат црни ленти, во чест на Вичаи Шриваданапраба.

„Ова без сомнеие беше најтешката недела во историјата на фудбалскиот клуб. Трагичната несреќа и загубата на пет човечки животи не остави во шок. Вичај остави визија за овој клуб“, рекол Пуел.

Сопственикот на Лестер ќе биде погребан в сабота, во Тајланд.

Scroll to Top