Top Sport

Огромен билборд со достигнувањата на Роналдо во Торино

Фановите на Јувентус го чекаат домашното деби на Кристијано Роналдо оваа сабота апротив Лацио, а неговиот спонзор „Најк“ тоа го одбележа со огромен билборд на „Пјаца Виторио Венето“ во Торино.

Со наслов „Заборави и почни повторно“, рекламата полна со текст ги споменува неговите блескави достигнувања во клупската и репрезентативната кариера.

Целосниот текст е следниот:

„Стани првиот фудбалер во Европа кој постигна 350 голови за еден клуб најбргу на светот (335 натпревари). Стани првиот фудбалер со 40 гола во професионална лига две сезони во низа. Постигни гол во секоја од 90-те минути. Стани единствен фудбалер во историјата со 60 или повеќе гола во една календарска година (и направи го тоа четири години во низа). Постигни пет гола и имај една асистенција во еден натпревар. Стани првиот фудбалер кој постигнал над 50 гола во шест различни сезони. Стани најдобар стрелец на својот тим (451 гол). Постигни најмногу голови во седум последователни лигашки натпревари (15). Освои 15 трофеи со својот клуб. Постигни 573 голови. Појави се 763 пати на клупско ниво. Стани првиот со 100 гола во европските купови. Постигни најмногу голови во европските купови (123). Постигни најмногу голови во елитното европско натпреварување (120). Постигни најмногу голови во седум натпревари во низа во европските купови (15). Постигни најмногу голови во петте европски лиги (396). Стани единствен фудбалер кој постигнал голови во 11 натпревари во ЛШ. Стани единствениот фудбалер со гол во три европски финалиња. Постигни најмногу голови во една сезона (17). Освои најмногу европски финалиња (5). Освои најмногу награди како најдобар фудбалер (4). Стани единствен фудбалер со 10 гола против еден тим во европско натпреварување. Освои пет блескави ’златни топки’. Сега, заборави го тоа и почни одново“.

Scroll to Top