Top Sport

Видал пак контра Реал: Да имаше ВАР, Баерн ќе освоеше две титули од ЛШ

Артуро Видал никогаш не го криел непријателството кон Реал Мадрид, така што ниту денешната изјава за неговиот поранешен клуб Баерн Минхен нема да „одекне“ убаво во Мадрид.

Новото засилување на Барселона смета дека Реал немаше да ги освои титулите од Лигата на шампионите ако имаше ВАР систем по контроверзите во мечевите со Баерн во последните две сезони.

„Знам дека Барселона има пет титули од ЛШ, а сега сакам да одиме на шестата. Жал ми е што не стигнав до неа со Баерн, но да постоеше ВАР системот во УЕФА ќе освоевме две или повеќе титули“, изјави Видал.

Видал: Јас не сум антимадридиста!

Scroll to Top