Top Sport

Окампос и Де Јонг го решија дерби Севилјано (Видео)

Дерби Севилјано кое вечерва се одигра на стадионот на Бетис им припадна на фудбалерите на Севилја. Окампос и Де Јонг беа стрелци во триумфот 2:1.

Почетокот на мечот им припадна на гостите кои таквата игра ја материјализираа со голот на Окампос во 13 минута.

По примениот гол Бетис заиграа многу подобро, повеќе напаѓаа и таквата определба им донесе израмнување на истекот на првиот дел. Лорен Морен го совлада Вацлик за 1:1.

Севилја имаа подобар ритам и на почетокот на второто полувреме. Во 55 минута Банега асиситираше, а гол постигна Холанѓанецот Лук Де Јонг.

До крајот на мечот двата тима имаа свои шанси меѓутоа немаше промени во резултатот.

Севилја по 13 рунди се израмни со Атлетико на третото место, двата тима имаат по 24 бода, додека Бетис остана во долниот дом, на 17 позиција со само 13 бода.

Scroll to Top