Top Sport

Репторс победија во ЛА, Јокиќ им пресуди на Минесота (Видео)

Актуелните шампиони Торонто Репторс ја запреа мини серијата на Лос Анџелес Лејекрс со победата 113:104. Успехот на РФепторс е поголем бидејќи играа без Кајл Лаури и Серж Ибака.

Торонто победија со тимска игра, шестмина постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Паскал Сијакам (24 поени, 11 скока) и Фред Ванвилт (23 поени, седум скока, 10 асистенции).

Кај Лејкерс се истакнаа Ентони Дејвис со 27 поени и Леброн Џејмс со нов трипл-дабл (13 поени, 13 скока, 15 асистенции).

Милвоки Бакс победија кај Оклахома 121:119. Повторно блесна Јанис Адетокумпо за кого ова е петти последовен натпревар на кој постигнува 30 или повеќе поени.

Гркот мечот го заврши со 35 поени и 16 скока.

Деневер Нагетс во Минеаполис во последните седум минути не можеа да постигнат кош, ја испуштија предноста од 16 поени и мораа да играат продолжение. Таму повторно се истакна Никола Јокиќ кој на две секунди до крајот погоди тежиок шут преку Карл-Ентони Таунс за победа на Денвер 100:98.

Резултати:

Орландо-Индијана 102:109
Филалдлефија-Шарлот 114:106
Њујорк-Кливленд 87:108
Феникс-Бруклин 138:122
Портланд-Атланта 124:113

Scroll to Top