Top Sport

Окслејд-Чембрлен: Салах нека остане „себичен“, само нека дава голови

Алекс Окслејд-Чембрлен вели дека е задоволен од „себичноста“ на Мохамед Салах, сè додека Египќанецот продолжува да дава голови за клубот од „Енфилд“.

Салах беше нападнат од Садио Мане при 3:0 победата над Барнли минатиот месец, откако Сенегалецот сметаше дека тој премногу е себичен на теренот, и иако ситуацијата се смири, Окслејд-Чемберлен беше запрашан да ја продолжи реченицата: „Мохамед Салах не е себичен бидејќи…“.

„Не е себичен? Ме зезате? Тој не ни подава, прашајте го Садио. Мо Салах не е себичен бидејќи е голгетер. Тој мора да го прави тоа. Не можете да очекувате само да ни подава и да дава многу голови. Начинот на кој тој ни помага е со постигнување голови за да победиме. Јас сум задоволен – Мо прави што сакаш“, изјави Чембрлен.

Салах денеска ќе гостува кај неговиот поранешен клуб Челси во дербито во Премиер лигата.

Карагер: Мане и Салах не се трпат со месеци

Scroll to Top