Top Sport

Шејн Ларкин станува Хрват?

Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Шејн Ларкин вели дека е отворен за идејата да добие хрватски пасош и во иднина да игра за репрезентацијата на „коцкестите“.

Плејмејкерот на Анадолу Ефес вели дека ќе размисли за таа идеја, откако објасни дека досега не добил ваква понуда од Турција.

„Би било убаво да се игра на Олимпијадата и тоа е сон за секој спортист. Секако, повеќе би сакал да играм за САД, но реално во оваа ситуација не би имал проблем да настапувам за Хрватска. Тоа е нешто за што ќе размислам добро оваа сезона, бидејќи има многу фактори за таа одлука. Треба да видам што ќе се очекува од мене, но заинтересиран сум. Од Турција немаше официјална понуда и покрај шпекулациите. Но, сезоната само што почнува и има време за важни одлуки“, вели Ларкин.

26-годишниот Ларкин во својата кариера има играно за Далас маверикс, Њујорк никс, Бруклин нетс и Бостон селтикс.

Scroll to Top