Баерн Минхен уште еднаш покажа колку е на повисоко ниво од просечен бундеслигаш, откако не покажаа милост кон Бохум победувајќи со фантастични 7:0 во шестото коло во Бундеслигата.
Во посебни дресови во чест на фестивалот на пивото, Октоберфест, победникот беше решен веќе во првите половина час од мечот на „Алијанц арената“. Лирој Сане во 17. минута постигна прекрасен гол од слободен удар, Џошуа Кимих десет минути подоцна зголеми на 2:0, за во 32. минута, Серж Гнабри да постигне уште еден гол. Мизерното прво полувреме на Бохум беше комплетирано со автоголот на грчкиот интернационалец Василис Лампропулос во 43. минута.
Роберт Левандовски ја продолжи традицијата да дава голови за Баерн на 19 меча во низа во 61. минута, а во 65. минута, Кимих го постигна и својот втор гол. Ерик-Максим Чупо-Мотинг во 79. минута го заби седмиот гол.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
БУНДЕСЛИГА, 6.КОЛО
Баерн Минхен – Бохум 7:0
Арминија Билефелд – Хофенхајм 0:0
Аугзбург – Борусија Менхенгладбах 1:0
Мајнц – Фрајбург 0:0