Top Sport

„Оле колкава плата сакаш?“

Гери Невил му поставил интересни прашања на својот поранешен соиграч, а сега в.д. менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, откако тој со тимот избори пласман во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед направија подвиг, во средата, откако успеаја во Париз да ја надоместата негативата против ПСЖ од 0:2. Јунајтед на „Паркот на Принцовите“ победија со 3.1.

„На колку години сакаш да биде твојот договор? Колкава плата сакаш? Каде би сакал да биде поставена твојата статуа?“, го прашал Невил тренерот на Јунајтед на почетокот на разговорот.

Солскјер само се насмејал, по што Невил рекол:„Тие сега треба да донесат само една одлука, така?“.

https://twitter.com/GNev2/status/1103427239838957568

Договорот на Солскјер е тема со која британските медиуми се занимаваат изминатите недели. Норвежанецот е тренер на Молде кој е позајмен во Манчестер Јунајтед, кога клубот му врачи го врачи отказот на Жозе Мурињо.

Фудбалерите на славниот клуб се согласни дека Солскјер треба да остане на менаџерската позиција, односно дека клубот треба да му понуди постојан договор.

Инаку, по натпреварот во Париз, британските медиуми дошле до податокот дека кога го вклучил својот мобилен телефон, Солскјер имал 180 пропуштени повици.

Scroll to Top